hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Данецот Аугустинусен oд следната сезона ќе игра за Нант

агустинсон

Управата на Нант го обезбеди второто засилување за новата сезона 2019/20. Имено, денес европскиот вицешампион обелодени дека е постигнат договор со данското крило Себастијан Аугустинусен. Новајлијата доаѓа од Скјерн, каде што стекна целосна афирмација, откако претходно настапуваше за Колдинг.

22-годишниот Аугустинусен сезонава веќе постигна 23 гола во Лигата на шампионите, а освојувач е светска вицешампионска титула со данската У21 селекција. Тој се обврза на договор на две сезони, заклучно до 2021 година.

„Ова е значајна етапа во мојата кариера. Да се потпише за клуб како Нант е чекор напред во мојата кариера. Нестрлив сум да ги запознаам новите соиграчи и да играм пред прекрасната публика во Нант", изјави по официјализацијата Данецот.

Минатата сезона на патот до Ф4 во Келн, Нант го елиминира токму Скјерн во четвртфиналето. Вчера, клубот на Лазаров го официјализираше голманот Бонефои од Тулуз.

 

Share