hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Думулин се повреди и веќе е опериран, Бонефои е неговата замена

kevin bonefoi

Нант е една од екипите кои скапо го платија Светското првенство во Германија и Данска. Голманот на европскиот вицешампион Сирил Думулин се повреди и веќе е опериран. Клубот брзо реагираше и го доведе 27-годишниот Кевин Бонефои од Тулуз. Овој искусен чувар на мрежата се обврза на договор со Нант до крајот на сезоната.

Овој голман се наметна на голот на Сант Рафаел, а бранеше и за Сесон Рен, пред да се пресели во Тулуз. Бонефои ќе ја дели минутажата со Арно Сиферт.

Нант му се залблагодари на Тулуз за разбирањето при трансферот кој беше неопходен по повредата на првиот голман на екипата.

Share