hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров: Мал јубилеј, но за нас голем

naslovna MKD

Од 19.06.2019 до 01.07.2019 во Охрид по пети пат преку 350 деца од Македонија и Европа ќе учат ракомет и ќе живеат заедно со Лазаров и неговиот тим како едно огромно семејство.

Мал јубилеј но значаен заради приматот кој го добива овој камп не само на далечина од 1.000 км на сите четири страни од нашава Македонија туку и многу подалеку. Одлична организација, професионална реализација на богатите содржини кои од година во година дoбиваат на квалитет и секако најсилната причина за камп од светски ранг е 24 часовното присуство на најдобриот стрелец на планетава во тие 14 дена .

start 2019 1

Камп на кој сите се еден, без оглед кој од каде доаѓа , потекнува, колку е голем или мал, колку има или нема. Потврда за тоа е огромниот интерес да се биде дел од кампот, бројот на децата учесници, професионалните тренинзи, прекрасните спомените и неизмерливата количина на љубов кон ракометот на секој кој бил дел од кампот на Лазаров во изминативе години.

„Вистинските победници во животот се решени да направат разлика, било да е таа голема или мала и тоа е она што ги прави поразлични од другите. Со ова би го опишал нашето петтогодишно постоење и функционирање на високо ниво. Успеавме со многу посветеност, труд и ангажираност да направиме добар производ во кој се инволвирани најмладите односно иднината на нашата држава. Направивме тим на лојални, чесни луѓе со иницијатива, оптимизам и полни со ентузијазам...

start 2019 2

Создадовме тим за иднината.

Се трудиме да ги воспитуваме и нашите деца од кампот во тој правец, затоа што денешниот успешен член на тимот е успешен утрешен водач. Поставивме цели кои се тешко дофатливи но сепак дофатливи. Благодарност до сите инволвирани во овој проект и се надевам на уште многу јубилеи во иднина", Кирил Лазаров, идеен творец на кампот „КЛ7" и капитен на македонскиот национален тим.

start 2019 3

Од понеделник 04.02.2019 официјално започнува пријавувањето ( http://kl7.mk/kamp/prijava/ ), а организаторите, агенцијата КМГ СПОРТ, очекуваат потполнување на бројот на учесници во рекорден рок. Според програмата која е предвидена сите членови на кампот ќе имаат максимални услови, опрема и стручна помош за усовршување, дружење и многу забава. Во поглед на организацијата секое дете но и тренер ќе подлежи на спортски медицински преглед од страна на тимот на д-р Жан Митрев , чија медицинска екипа ќе биде и 24 часовно медицинско обезбедување на кампот. Организиран превоз за сите учесници од Македонија, осигурување од несакани повреди , опрема од брендот "Хумел" чие заштитно лице веќе неколку години е Лазаров. Седум дена во хотелот "Аквалина" кој има идеална инфраструктура и содржини за реализација на спортски кампови и подготовки на спортисти професионалци.

start 2019 4
Кампот на капитенот своето прво лето го имаше во 2015 година со учество на 150 деца само од Македонија, што беше и првичната замисла на неговиот идеен творец Лазаров. Но, името и големите достигнувања на Кирил во светски рамки беа во фокусот на интересот и на децата надвор од границите на Македонија. Млади групи ракометари од Данска, Шветска, Романија, Словенија, Босна , Шпанија , Србија дојдоа во Охрид да учат од најдобриот десен бек на светот. Tој своето огромно акомулирано ракометно искуство несебично го споделува со сите децат, со оние кои првпат ја допираат ракометарската топка како и со децата на кои ракометот е дел од нивното секојдневие, ракометари кои во иднина треба да прераснат во врвни спортисти и личности за пример Дел од нив кои биле на овој камп денес ги бранат боите на Македонија.

Се гледаме во Охрид!

Share