hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Македонија играше спектакуларно, Србија поразена во Скопје

makedonija - srbija 6

Македонија – Србија 37:31 (19:13)

Македонската ракометна селекција ја надигра Србија во првиот од двата контролни натпревари во Скопје со 37:31 (19:13). Публиката во СЦ „Борис Трајковски" уживаше во на моменти спектакуларното издание на избраниците на Раул Гонзалез.

Дуелот започна изедначено и дури шест израмнувања го красеа првио дел од полувремето. Сепак, Борко Ристовски одбрани неколку важни топки и во транзиција нашите крила Манасков и Георгиевски ја полнеа српската мрежа.

Кога Дејан Манасков погоди од контра напад во 17. минута Ненад Перуничиќ повика минута одмор при 9:7. Брзо порасна предноста на „жолтите" и на седум минути до одморот дојдовме до +4. Борко Ристовски и Цупара се разбранија во централниот дел од првиот дел и со неверојатно лесна реализација на крилата, дојдовме во убедлива предноста. Манасков со гол од зад грб, Георгиевски со цепелин ги смирија Србите и на одмор се замина со 19:13.

Лазаров со својот четврти гол го отвори вториот дел. Следеа негови асистенции, голови на Пешевски и двете крила за високи 27:17 во 42. минута. Лазаров постигна ефектен гол од контра, публиката се забавуваше, а Раул им даде шанса на сите ракометари. Полесно од предвиденото извојувавме победа од 37:31.

Во нашата национална репрезентација најефикасни беа Манасков со девет, Кузмановски со шест и Кирил Лазаров со пет гола, а во таборот на Ненад Перуничиќ се истакна Марсениќ со четири гола.