hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не ја забораваме Грција, сега Јапонија ни изгледа како светски првак

kirenovdres

Пред уште еден голем настан, Ракометната федерација на Македонија и своите партнери ги промовираа новите дресови на сениорската репрезентација. Капитенот Лазаров на церемонија позираше со новиот дрес, но и го најави Светското првенство во Германија и Данска.

„Следи нов голем ракометен настан, кој е многу важен за нашата селекција. За разлика од претходните шампионати, сега одиме со подмладен состав и со многу млади играчи кои многу ветуваат и се таленти. Очекуваме во блиска иднина сите таленти да го понесат товарот и да продолжат по нашите стапки, со наша поддршка. Мислам дека ние поисксусните дадовме многу за оваа селекција. На ова првенство ќе се обидеме да го дадеме својот максимум, а ќе видиме за што тој ќе биде доволен. Сакаме да ја усреќиме пак оваа нација. Очекувам поддршка во Минхен, се надевам дека публиката ќе биде нашиот осми играч. Не сме го заборавиле оној дуел со Грција, по тој пораз сега и Јапонија делува за нас како светски првак. Мораме да останеме скромни, да работиме напорно без оглед на противникот и да одиме од натпревар во натпревар, почнувајќи од првиот дуел со Јапонците", изјави Лазаров.

Македонската репрезентација утре и в петок ќе одигра два контролни натпревари против Србија во СЦ „Борис Трајковски" во Скопје.

Share