hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Анти ги одмораше најдобрите, Нант лесно во осминафиналето на Купот

kaen - nant

Ракометарите на Нант се квалификуваа за осминафиналето на Купот на Франција, откако попладнево славеа на теренот на третолигашот Каен со 23:31. Тренерот Анти ги одмори двајцата клучни ракометари, Лазаров и Клер по напорните два месеци во кои се играше по силно темпо, псебно во четвртокот кога Нант гостуваше кај ПСЖ.

Во текот на целиот натпревар, европскиот вицешампион водеше, доминираше и лесно го визираше осминафиналето. Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Валеро Ривера со осум и Делакруа со четири гола, а голманот Думулин блескаше со 18 интервенции.

Кај поразениот тим на Каен најпозитивни беа Плета со шест и Алес со три гола. Сега, ракометарите на Нант го очекуваат противникот во осминафиналето во натпреварувањето во кое традиционално играат добро и имаат големи амбиции.

Share