Лазаров избран за најуспешен маж во сферата на спортот за 2018 годината
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров е избран за најуспешен маж за 2018 година во сферата на спортот. Лазаров победи во конкуренција на Пандев, Антиќ, Барди и уште неколку познати македонски спортисти. Нашиот репрезентативен капитен не беше на церемонијата, но испрати видео порака од Нант.
Најуспешен маж се бираше според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти. Севкупно за најуспешен маж е избан д-р Владимир Чадиковски.
Во категоријата Менаџер на годината за 2018 наградата ја доби Живко Мукаетов, сопственикот на Алкалоид, наградата Млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец, а наградата за Маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп. За наградата за Маж со најголем придонес во културата беше избран режисерот Ѓорче Ставерски. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров, а за Маж со трајни вредности беше избран Трифун Костовски. Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Огнен Јанески.