hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Реми за Нант на теренот на хрватскиот шампион

zagreb - nant

ППД Загреб – Нант 27:27 (12:12)

Хрватскиот првак ППД Загреб и Нант играа без победник, 27:27 во дуел од деветтото коло на Лигата на шампионите. Кирил Лазаров се соочи со поранешниот клуб и со поранешниот негов тренер Лино Червар, а европскиот вицешампион не се созеде по домашниот пораз од пред Мотор од пред седум дена.

Французите допатуваа во Хрватска без повредениот Турна, но започнаа на крилата на Риера кој брзо посигна четири гола. По пет израмнувања во раната фаза, Сршен и Потончик првпат го донесоа тимот на Червар до +2 во 17. минута. Сепак, европскиот вицешампион добро го заврши првиот дел и Клер, Лазаров и Ниокас израмнија на 12:12.

Лазаров одлично го почна вториот дел против својот поранешен клуб, постигна два гола и им парираше на расположените домаќини. Хрватската одбрана делуваше поцврсто и Хорват и Сршен реализираа во серија за 21:18 во 47. минута. Нант беше шокиран и мораше да преземе нешто за да избегне втор шок во седум дена.

Тајм-аутот на Анти вроди со плод, Клер го водеше прсвртот и со серија 4:0, Нант го врати водството (21:22). Червар повика минута одмор и ја реорганизира екипата. Следеше наизменично постигнување на голови, а француската одбрана немаше решение за расположениот Златко Хорват. Иако и двете екипи имаа свои шанси за победа, сепак дуелот најреално заврши без победник (27:27).

Најефикасни поединци во тимот на ППД Загреб беа Хорват со осум и Сршен со шест гола, а кај Нант се истакнаа Клер и Ривера со по пет гола. Кирил Лазаров натпреварот го заврши со три погодоци.