hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант пак победува, совладан жилавиот Тулуз на домашен терен

lazarov so tuluz 1

Нант - Тулуз 31:27 (15:11)

По шокот од Мотор Запорожје во неделата, европскиот вицешампион и третопласираната екипа во минатиот француски шампионат, Нант им се врати на победите во домашното првенство. Пред Лазаров и другарите вечерва потклекна Тулуз, кој жилаво одолеваше на нападите на домаќинот до пред самиот крај, кога попушти и загуби со 31:27.

Цврстата одбрана и лесните голови од полуконтра и контра на Ривера ја направија разликата и на одмор домашаната екипа замина со +4.

Во второто полувреме, Нант ја држеше својата предност која на моменти отиде и до плус седум. Сепак, Тулуз некаде при крајот успеа да се врати на минус два и го вклучи алармот кај Тиери Анти, кој повика тајм-аут и не дозволи изненадување во финишот.

Валеро Ривера со десет погодоци беше прво име на средбата, додека на спротивната страна, Немања Илиќ со седум голови беше најефикасен за тимот на Тулуз. Кирил Лазаров натпреварот го заврши со два гола и една асистенција.

За време на викендот Нант гостува во Хрватска против поранешниот клуб на Лазаров, ППД Загреб.

Share