hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Привилегија е да се игра за овој клуб и секогаш пред полна сала

lazarov do 2021

Кирил Лазаров доби продолжен договор со францускиот Нант за уште нови две сезони, до јуни 2021 година. Актуелниот договор на Лазаров му истекуваше на крајот од оваа сеозна, но европскиот вицешампион го задржа во своите редови и во наредните две сезони.

„Дојдов во Нант и знаев дека екипата е карактерна. Не беше лесно на стартот - пристигнав со големи амбиции, но не говорев француски. Но, таа прва сезона се испостави како историска за клубот. Денес се чувствувам многу добро во Нант, го сакам клубот и ги сакам навивачите. Да се игра во полна сала секој натпревар е вистинска привилегија. Клубот секојдневно расте и убеден сум дека заедно ќе се подобруваме оваа сезона. Јас сум лојален човек и ќе ја вратам довербата која челниците ја имаат во мене", рече по официјализацијата на трансферот Лазаров.

Оваа сезона без сомнеж Лазаров е ударна игра во европскиот вицешампион.

Share