hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

ОФИЦИЈАЛНО: Лазаров го продолжи договорот со Нант до 2021 година

lazarov do 2021 2

Европскиот вицешампион Нант денес објави дека ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров. Клубот на официјалната веб страница информираше дека постигнат и потпишан е договорот со важност до 2021 година.

Десниот бек на Нант и најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите веќе втора сезона игра во Франција. Со Нант го освои Трофејот на шампионите (Суперкупот на Франција), играше во Лигата на шампионите за првпат во историјата на клубот и стигна до финалето, каде минимално загуби од Монпелје.

Лазаров одлично се имплементира во системот на Тјери Анти, минатата сезона тимот заврши на третото место во францускиот шампионат, а сезонава рамноправно се бори со останатите гиганти во домашниот шампионат и Лигата на шампионите.

Продолжувањето на договорот ја потврдува добрата релација на Лазаров и клупската политика на клубот. Нант со Лазаров како идеен лидер сака да расте во ракометна Европа и затоа нивната „љубов" ќе трае најмалку до 2021 година.