hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шест гола на Лазаров, реми на Нант во Украина

kire so motor

Мотор Запорожје - Нант 30:30 (15:14)

Македонските репрезентативци Жарко Пешевски и Кирил Лазаров со Мотор Запорожје и Нант ремизираа во седмото коло во Лигата на шампионите (30:30). Во првиот дел постојано водеа домашните, но Нант успеа да ја анулира негативата и со серија од 5:1 на кратко поведе со 11:13. Сепак, на одмор заминаа само со минимално водство (15:14).

Мотор Запорожје ја задржи иницијативата и поведе со 19:16. Во финишот Нант дојде до изедначување на 29:29 со шестиот погодок на Лазаров. Двете екипи постигнаа уште по еден гол и резултатот остана егал.

Лазаров беше втор стрелец со шест погодоци, зад Николас Турна кој постигна осум гола. Ова реми го потврдува третото место во групата зад ПСЖ и ПИК Сегед, кои се истакнаа на почетокот од сезоната.

Сепак, оваа недела нема по добро да ја паметат ракометарите на Анти. бидејќи загубија од Шамбери во шампионатот и ремизираа во Лигата на шампионите во Украина.

Share