hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Нант првпат загуби сезонава во домашниот шампионат

nant chambery

Нант - Шамбери 29:33 (14:17)

Ракометарите на Нант го претрпеа првиот сезонски пораз во француското првенство и го предадоа врвот на табелата. Европскиот вицешампион во директен дуел со екипата која исто така перфектно го започна шампионатот, загуби со 29:33. Гостите водеа во текот на сите 60 минути и по серијата на два месеци само со позитивни резултати, го поразија тимот на Тјери Анти.

Гостите од Шамбери беа беспрекорни, ретко грешеа и брзо се одлепија на +4. Добрата игра на Фахрудин Мелиќ им создаде проблеми на домаќините, па Анти не успеа да го прекине ритамот ниту со два тајм-аути. На одмор се замина со 14:17 со подобри вибрации од гостинскиот табор.

Следеше реакција на „канаринците", три гола на Лазаров, добро издание на крилата, но изостанаа голови од останатите позиции. Во такво надигрување поразот беше неминовен. Лазаров постигна три гола, а најефикасен кај Нант беше Валеро Ривера со шест гола. Во победничкиот табот Фархрудин Мелиќ со девет гола беше играчот кој во голема мера ја донесе победата за Шамбери.

За време на викендот, Нант во Лигата на шампионите гостува кај Мотор Запорожје.