hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Лазаров го водеше Нант до пресврт и победа над ППД Загреб

kirezg22

Нант - ППД Загреб 23:20 (10:11)

Европскиот вицешампиoн Нант запиша уште една вредна победа во Лигата на шампионите, а Кирил Лазаров славеше против неговиот поранешен тренер и селектор, Лино Червар. Нант го надигра хрватскиот шампион ППД Загреб со 23:20, а нашиот репрезентативен капитен продолжи со серијата добри партии оваа есен и беше најефикасен во победничкиот табор.

„Плинарите" имаа контрола на теренот во првиот дел и поводеа со убедливи 1:6. Нант до одморот успеа да се врати во игра, а и на пауза се замина само со 10:11 за ППД Загреб.

До 17:17 во 50. минута тешко беше да се претпостави кој ќе ги однесе бодовите. Лазаров ги презеде работите во свои раце, погоди во серија и Нант побегна. Од таа предност, искусната француска екипа стигна до победа од 23:20.

Лазаров постигна пет погодоци, а Емоне и Клер запишаа по пет. Хорват со пет и Керими и Бичаниќ со по три гола беа најефикасни во таборот на ППД Загреб.