hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кирил Лазаров во идеалниот тим на стартот од евро-квалификациите

39151717154 6a6ab44c59 b1

Македонската ракометна федерација не ги почна најдобро квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020, па најпрво ја победивме Турција, а потоа загубивме од Грција.

Најдобар ракометар во нашиот состав беше капитенот Кирил Лазаров, кој беше најефикасен во двете средби, па заслужено се најде во идеалниот тим во квалификациите.

ЕХФ во идеалниот тим место го смести и ракометарот на Вардар – Данил Шишкарев на позиција десно крило. Чешкиот репрезентативец Јакуб Хрстка е најдобро лево крило, додека Данецот Микел Хансен е најдобар лев бек, а Швајцарецот Енди Шмид е најдобар среден бек. За најдобар голман е прогласен Португалецот Алфред Кинтана, додека најдобар кружен напаѓач е Унгарецот Бенце Баниди.

Share