hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул ги смени голманите за гостувањето во Грција

cfghgjxg

Македонскиот селектор Раул Гонзалез прави голманска рокада, ќе го менува голманскиот тандем во репрезентација, па најверојатно во Кожани против Грција, во второто коло од квалификациите за ЕП 2020 година на местото на Борко Ристовски и Мартин Томовски, ќе се најдат Никола Митревски и Златко Даскалоски.

Другите 14 ракометари се истите кои настапија и на средбата против Турците. За Кожани патуват: Кирил Лазаров, Дејан Манасков, Стојанче Стоилов, Велко Маркоски, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, Гоце Ојлески, Немања Прибак, Филип Талески, Мартин Велковски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Филип Лазаров.

Македонските ракометари в сабота наутро патуваат од Битола за Кожани, попладнето ќе тренираат во салата каде што идниот ден ќе се одигра натпреварот против домаќинот.

Share