hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Бевме некоординирани, еден од нашите најслаби натпревари во последната деценија

kirebt turk

Кирил Лазаров беше најефикасен со осум голови во триумфот на Македонија над Турција во Битола во првиот натпревар од квалификациите за ЕП 2020. Но, по средбата капитенот беше критичен за играта на репрезентацијата и пристапот на тимот во одредени моменти.

„Најважна е победата и двата бода, но мислам дека ова е еден од нашите најслаби натпревари во последните десет години. Некоординирана игра, без трошка почит за битолската публика, од која дел дури и остана надвор пред салата. Сакам како капитен јавно да им се извинам на сите на трибините и на тие кои не влегоа. Заслужија поатрактивна игра и од сѐ срце сакам да им се заблагодарам за поддршката. На нас ни останува многу да работиме. Треба да ставиме прст на чело и да се замислиме, зашто ќе нема што да бараме на претстојниот Мундијал на кој би мислеле дека можеме да направиме нешто историски. Игравме многу слабо и ова беше едно лошо издание. Пристапот до натпреварот беше проблем бидејќи мислевме дека играме против Турција, која никогаш не играла на големо натпреварување, но имаме голем број на млади играчи кои едноставно преку вакви натпревари треба да се надоградуваат, а не да чекаат големи натпревари. Против Грција мораме да одиграме максимално сериозно", изјави капитенот.

Квалификациите продолжуваат напролет со двата натпревари против Исланд, по кои ќе се знае појасно за нашите шанси за пласман на Европското првенство во 2020 година.

 

 

ФОТО: Филип Вирановски
www,gol.mk

Share