hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победа на стартот од квалификациите, во Битола совладана Турција

Makedonija-Turcija

Македонија - Турција 31:27 (17:13)

Македонија ја совлада Турција со 31:27 и со планирани два бода ги отвори квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Победата беше извојувана без проблеми, како што се очекуваше, но не толку убедливо, како што навестуваше разликата во квалитет на хартија.

По израмнетиот почеток, по десет минути игра резултатот гласеше 6:4. Се одржуваше предноста од околу два гола разлика, но Раул Гонзалез при 10-8 побара тајм-аут. Со два брзи гола дојдовме до 12:8, па Георгиевски погоди за водство од 14:9. Турците ја стабилизираа играта, не дозволија зголемување на разликата, па на одмор се замина со 17:13.

Во вториот дел од мечот, Македонија беше таа која го диктираше темпото и водството варираше од шест до седум разлика, но „црвено-жолтите" потоа имаа мал пад во играта и дозволија Турција на десет минути пред крајот да се доближи на три негатива (26-23).

Сепак, гостите немаа сила за нешто повеќе па Македонија рутински го приврши мечот за триумф од 31:27 и победнички старт во квалификациите за ЕП 2020. Следниот меч го играме против Грција, во недела гостуваме во Кожани.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Кирил Лазаров со осум гола, Манасков даде шест, а Стоилов, Талески и Георгиевски беа автори на по четири гола, додека Бичер кај Турција даде шест, а Пекташ и Езтурк завршија со по пет гола.

Share