hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Да ни помогнат овие натпревари за Мундијалот во јануари

kire pres halbank

Македонската ракометна репрезентација денес во Битола ја пречекува Турција во квалификациски натпревар за ЕП 2020, а во недела и гостува на Грција.

На официјалната прес конференција ракометарите најавија максимален ангажман за први бодови.

„Со максимална почит за сите наши противници одиме на победа на секој натпревар. Овие дуели треба да ни помогнат и за темпирање на формата за Светското првенство", вели капитенот Лазаров.

Селекторот Раул Гонзалез вели дека не смееме да ги потцениме противниците.

„Треба да се обидеме да се оддолжиме на нашите фанови со победа на следните два натпревари, не треба никого да потцениме, нема да биде лесно", вели Раул Гонзалез.

Македонија утре со почеток од 20:15 ја пречекува Турција во Битола, а во недела гостува кај Грција во Кожани.

Share