hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Време е помладите да ја искористат шансата!

24820755817 0c9457c18a b

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров очекува две победи на претстојните квалификациски средби против Турција и Грција, но ги повика и помладите ракометари да добијат и да ја искористат шансата против на хартија полесни ривали.

„Во овие квалификации влегуваме како големи фаворити. Грција и Турција се селекции против кои мораме да очекуваме лесни победи, но од нас и одиграме максимално. Сега шанса треба да добијат и помладите, но исто така мораат да понесат и одговорност, да си ја зголемат самодовербата во пресрет на Светското првенство во Германија. Често во минатото на големите натпреварувања да ни недостига ротација, затоа овие две средби се важни, за некои други ракометари да се наметнат за позначајна улога во националниот тим, да покажат дека на нив треба да се смета и на Мундијалот", изјави Лазаров.

Лазаров пристигна во нашата земја во одлична форма, откако и во септември и во октомври беше главна ударна игла на Нант во францускот првенство, Лигата на шампионите и минатиот викенд и во Лига Купот.

Share