hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пуштени во продажба влезниците за натпреварот Македонија – Турција

sportska sala bt

Македонската машка ракометна репрезентација в четврток со почеток во 20:15 часот во спортската сала „Боро Чурлевски" во Битола, ќе го одигра првиот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП во Австрија, Норвешка и Шведска во 2020 година.

Љубителите на ракометот ќе имаат можност да набават влезници за натпреварот на Широк Сокак во Битола (непосредно пред кафе барот Портал) почнувајќи од понеделник 22.10.2018 година од 09:00 часот.

Количината која ќе биде пуштена во продажба ќе биде ограничена. Останатите влезници ќе може да се набават на билетарата на СС „Боро Чурлевски"- Битола пред почетокот на натпреварот. Цената на билетот изнесува 150 денари.

Share