hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во идеалниот тим на 6. коло на францускиот шампионат

нант - рен

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров заслужено се најде во идеалниот тим на 6. коло на францускиот ракометен шампионат. Десниот бек постигна девет гола, меѓу нив и победничкиот во дуелот на неговиот Нант против Сесон Рен.

Лазаров ја потврди добрата форма која претходно ја покажа и на дуелите со Монпелје во француската лига и ПСЖ во Лигата на шампионите.

idealen tim francija1

Идеален тим на 6. коло:

Голман: Михаил Попеску (Сант Рафаел)

Лево крило: Баптист Буто (Данкерк)

Лев бек: Николас Боски (Истрес)

Среден бек: Николас Клер (Нант)

Десен бек: Кирил Лазаров (Нант)

Десно крило: Вид Кавтичник (Монпелје)

Кружен напаѓач: Пјер Патурел (Шамбери)

Дефанзивец: Гердас Бабарскас (Шамери)

За време на викендот, Нант го пречекува словенечкитот првак Целје Пививарна Лашко во Лигата на шампионите.

Share