skolo logo fb

logo-kmg

hummel Logo 160

LIVESCORE.in
OFF

Нант ја распродаде „XXL Арената“ за дербито со ПСЖ за 24 часа!

21hand6331

Во Нант владее ракометна еуфорија и по пет одиграни кола во шампионатот на Франција, екипата на Кирил Лазаров запиша пет победи и се наоѓа на првото место на табелата. Домашната публика се надева на уште една историска сезона, па така за само 24 часа беа распродадени сите билети за големото дерби од шампионатот против ПСЖ на 20 декември.

xxl arena

Овј дуел ќе се игра во големата „XXL Арена" која собира 12.000 гледачи и каде што минатата сезона се играа натпреварите против Барселона и ПСЖ. Како и на мечевите од Лигата на шампионите, и на најзначајните дуели од Лигата на шампионите, Нант има голема поддршка и фантастичен биланс на домашен терен.

Овој натпревар е последен кој Нант ќе го игра пред зимската пауза за Светското првенство во Германија и Данска. ПСЖ и Нант веќе в сабота ќе се сретнат во натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите.