hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров играше професорски, Нант го сруши европскиот првак

kire

Нант – Монпелје 31:28 (16:17)

Европскиот шампион и вицешампион се сретнаа уште во четвртото коло на францускиот шампионат. Домаќинот го зголеми капацитетот на салата и 5.902 гледачи видоа спектакуларен нaтпревар во кој Нант по пет неуспеси по ред, го совлада Монпелје со 31:28 (16:17) . Дербито го водеа сестрите Бонавентура.

Двете екипи почнаа многу креативно и со лесни реализација. По четири израмнувања, Ривера од контра во 8. минута донесе прво домашно водство (4:3). Симонет и Порт беа перманентна опасност по домашниот гол, но играта гол за гол беше главен мотив на средбата. Лазаров влезе во игра во 13. минута и веднаш постигна гол за 7:8. Анти повика минута одмор, а Клер со својот шести гол за неполни 20 минути, израмни на 10:10.

Следеше мини-серија на гостите, но Сиферт одбрани две топки и Лагард израмни на 13:13 за тајм-аут на Канаје во 24. минута. Лазаров со ефектен гол ј искористи предноста од човек повеќе и израмни на 15:15. Гостите го реализираа последниот свој напад во првиот дел, а голот на Клер беше постигнат по звукот на сирената и на полувреме Монпелје водеше со 16:17.

Нант подобро го почна вториот дел, Сиферт продолжи во ист ритам, Лазаров и Ривера погодија и по 25 минута домашната екипа го врати водството (18:17). Пак, нашиот капитен рутински реализира седмерец и првпат Нант поведе со +2, па гостите повикаа минута одмор. На половина полувреме, Сиферт одбрани седмерец, а Лазаров со петтиот гол ја зголеми прeдноста на 24:21.

Монпелје се доближи и имаше напад за израмнување, но Сиферт и Лазаров пак го одбија бранот и со два брзи гола домаќинот побегна на +3 во 51. минута. До крајот Нант не го намали интензитетот и славеше со 31:28.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Клер со девет и Лазаров со седум погодоци, а кај Монпелје се истакна Mелвин Ричардсон со шест гола. Голема заслуга за победа има голманот Сиферт со 13 одбрани. Лидерите на табелата се Шамбери и Нант, двете единствени екипи со максимален број на победи. Првакот ПСЖ вчера го расипа перфектниот учинок, откако ремизираше во Ним (28:28).

Share