hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Нант цел меч водеше, но загуби по ужасен финиш во Сегед

Dny8NztWsAIkYLK.jpg large

ПИК Сегед – Нант 30:28 (11:12)

ПИК Сегед и Нант одиграа драматичен дуел во рамките на второто коло од групата Б на Лигата на шампионите, а по голема драма во финишот домашната екипа извојува победа со 30:28.

 

Домаќините одлично го почнаа мечот и преку поранешниот соиграч на Лазаров, Јонас Калман и Бодо стигнаа до +2. Но, европскиот вицешампион возврати и преку Лагард, а потоа и преку Лазаров дојде до предност од 11:12 на крајот од првиот дел.

Македонскиот репрезентативец се разигра и постигна уште четири гола без промашување. Токму тој налет на Лазаров, на екипата на Анти и донесе 19:22 на средина од второто полувреме. Сепак, Кањељас и Калман погодија по две гостински грешки за 21:22. Унгарецот Ричард Бодо им парираше на одличните шутери на францускиот претставник и во последните десетина минути се влезе со скоро израмнет резултат. Клер и Лазаров погодија за +2, но пак возврати првакот на Унгарија и со нови два гола на Бодо израмни на 28:28 во 55. минута. По долго ловење на резултатот, Унгарците по голот на Македа поведоа со 29:28. Со овој резултат се влезе во последната минута од средбата. Французите повторно погрешија и Македа со уште еден гол ги реши дилемите околу победникот, постигнувајќи гол за 30:28.

Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Лазаров со шест и Лагард со пет гола, а кај домашниот состав, воден од Пастор, се истакнаа Бодо со осум и Калман и Кањељас со по пет гола. Следната недела Нант пред своите гледачи го дочекува Скјерн, екипа која ја совлада во четвртфиналето минатата сезона.