hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лесна гостинска победа за Нант на почетокот од францускиот шампионат

DmWcvIyW4AAm gT.jpg large

Понто-Комбо - Нант 22:32 (12:21)

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и Нант со победа ја отворија новата сезона во францускиот шампионат. Нант беше подобар од Понто-Комбо со 22:32 (12:21) во дуел од првото коло. Победникот беше решен уште во првиот дел, а во вториот дел немаше никаква неизвесност, а Лазаров и соиграчите само ја одржаа високата предност.

Нашиот репрезентативен капитен постигна еден гол, а се истакнаа Турна со шест и Ривера со пет погодоци. Победи во првото коло извојува и Шамбери во Тулуз со 28:30 и првакот ПСЖ во дуелот со Иври со 38:21.

Во следното коло европскиот вицешампион Нант го дочекува Данкерк.

Share