hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант прокоцка победа, во финалето на Трофејот на шампионите ќе игра Монпелје

DmBTCajXcAAQrET

Во финалето на Трофејот на шампионите ќе играат Сант Рафаел и Монпелје. Во драматично второ полуфинале, Нант на Кирил Лазаров прокоцка победа против европскиот првак Монпелје и загуби со 33:31 после седмерци, откако натреварот во регуларниот тек заврши 29:29.

Целиот прв дел мина во знакот на израмнета игра. Нант започна со водство од два гола во неколку наврати, но европскиот првак секогаш одговараше со своја мини-серија. Делекруа и Балагер се истакнаа кај „канаринците", а Валентин Порт го одржуваше Монпелје во егал ситуација. Така, првиот дел заврши со предност на првакот од 15:12, благодарение на головите на Кавтичник во последните минути од првиот дел.

Мелвин Ричардсон и Трукановичиус погодија на почетокот од вториот дел за највисоки +5 за Монпелје. Погоди Лазаров, му се приклучи Ромарик и Нант се доближи до 22:20 во 44. минута. Кога нашиот репрезентативец го постигна својот трет гол, во 47. минута Нант израмни на 23:23. Во последните минути се влезе со голема драма и игра гол за гол. Лазаров погоди по петти пат за 28:28 на една и пол минута до крајот. Бинго заработи исклучување и со ракометар повеќе Нант го реализира последниот напад преку Белегер за 28:29. Со звукот на сирената Монпелје се избори за седмерец, а Кавтичник погоди за 29-29 и седмерци. По казнените удари повеќе среќа имаа ракометарите на Монпелје и благодарение на нивниот голман Винсент Жерард се изборија за победа од 33-31 и место во финалето.

Најефикасни поединци во тимот на Монпелје беа Порт со девет и Мамду со четири гола, а кај Нант е истакнаа Думулин со 18 одбрани, Лазаров со шест и Ромарик со четири гола. Малиот Сант Рафаел го шокира Раул Гонзалез и ПСЖ, победувајќи го со 25:26 (14:11). Најефикасни поединци во тимот на ПСЖ беа Генсхајмер со шест и Лука Карбатиќ и Ремили со по четири гола, а кај Сант Рафаел се истакнаа Сошето со шест и Сармиенто со пет гола.

Големото финале се игра утре во 16.30 часот во Монбељар.

Share