hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Почнува француската сезона со Трофејот на шампионите

trofej na sampioni

Овој викенд со Трофејот на шампионите во Монбељард, официјално почнува француската ракометна сезона. Во игра е првиот трофеј, Суперкупот на Франција, кој минатата сезона го освои баш Нант на нашиот Кирил Лазаров. Оваа сезона турнирот е најсилниот можен и ќе се соочат сите три екипи кои играа во мај на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Сабота 1 - септември Полуфинале:

15:00 ПСЖ - Сант Рафаел
17:30 Монпелје - Нант

Недела - 2 септември

13:30 - Меч за трето место
16:00 - Финале

Новиот француски шампионат почнува веќе в среда, а титулата ја брани ПСЖ, кој од оваа сезона го води селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез.

Share