hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Веспрем го надигра Нант на турнирот во Стразбур

nant - vesprem

Ракометарите на Нант го претрпеа и вториот пораз на турнирот во Стразбур, кој е подготовка за Турнирот на шампионите, чиј трофеј европскиот вицешампион го брани од минатата сезона.

Унгарскиот вицешампион извојува победа од 28-24, a на полувреме минимално водеше со 14-13. По израмнетиот поголем дел од натпреварот, Веспрем во последните 10-тина минути го „прекрши" прашањето на победникот и минимално славеше.

Лазаров се соочи со својот поранешен клуб и екипа со која ја најави својата голема и трофејна кариера.

Кире Лазаров постигна четири гола, а Штербик го заврши мечот со 18 успешни интервенции.

Од 20:15 часот ПСЖ и Вардар ќе се сретнат во вториот денешен натпревар на турнирот.

Share