hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го победи Шартр во предсезонски тест натпревар

satr - nant

Ракометарите на Нант запишаа уште една победа во подготвителниот период за новата сезона. Екипата на нашиoт Кирил Лазаров го победи второлигашот Шартр, екипата која во последните две сезони го освои турнирот во Струга, со 28:34.

Отпорот на Шартр беше скршен во централниот дел од второто полувреме, кога со серија на голови екипата на Тјери Анти стигна до 20:27 и сигурна победа.

Иако играа без Њокас, Турнат, Фелио и Пешмалбек, кои се повредени, европските вицешампиони одиграа доминантен меч. Кирил Лазаров постигна четири гола, а најефикасни беа Шпанците Давид Балагер со девет и Жорди Ривера со пет гола.

Share