hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров диригираше, Македонија со +8 патува за Клуж

mkd - rom333

Македонија – Романија 32:24 (15:10)

Македонската ракометна репрезентација стекна високи осум гола капитал пред реваншот против Романија во баражот за пласман на Светското првенство во Германија и Данска. Со мали исклучоци водевме во текот на сите 60 минути и стигнавме до сигурна победа од 32:24

Романците почнаа со два брзи гола, но Македонија веднаш пронајде одговор и постигна дури осум гола по ред. Ристовски се разбрани, скоро сите наши ракометари влегоа во ритам, а одбраната десет минути не прими гол. Пасквал повика тајм-аут при 8:2 и Романците конечно фатија ритам.

Ракотеа и Фотаче погодуваа за мини-серија од 3:0 и Раул Гонзалез повика минута одмор при 9:6. Должината на нашата клупа дојде до израз, Лазаров постигна неколку гола, погодуваше атрактивно и Манасков со атрактивен гол погоди за 15:8. Со Борко и неговите осум одбрани Македонија на одмор замина со +5, иако можеше да биде уште поубедливо.

Вториот дел започна со два гола на Пешевски и максимално добра игра во одбрана на нашиот тим. Капитенот Лазаров и Манасков редеа гол по гол за високи +10 на средина од вториот дел. Иако Пасквал повика тајм-аут за да го прекине ритамот, Македонија играше полетно и расположено.

Романците се загубија, Манасков и Лазаров ја полнеа празната мрежа, бидејќи Пасквал продолжи да игра седум на шест, и во 43. минута предноста стигна до високи +10. Откако прокоцкавме два напади со човек повеќе, Кузмановски го врати ритамот со гол за 25:16.Многу искусно момците на Раул го приведоа мечот кон крај и со одбранет седмерец на Ристовски дојдоа до финални 32-24 и одлична залиха пред реваншот в среда.

Најефикасни поединци во нашата репрезентација беа Лазаров со осум и Манасков со шест гола, а кај Романија се истакнаа Ракотеа со пет и Јонеа со четири гола.

Share