hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со победа и трето место ја заврши француската лига

kire vo nant

Нант - Маси 41:35 (19:20)

Ракометарите на Нант со победа ја завршија сезоната 2017/18, во која го остварија најголемиот успех и играа финале на Лигата на шампионите во првата сезона во која клубот се натпреваруваше во најелитниот европски Куп. Избраниците на Тјери Анти, со Кирил Лазаров во стројот, беа поздравени од домашната публика по одличниот викенд во Келн и го совладаа Маси со 41:35.

Кирил Лазаров постигна четири гола и беше трет стрелец зад Гурбиндо со осум Балагуер со седум погодоци и Нант шампионатот го заврши на третото место. Во поразениот табор на Маси се истакнаа Сал со десет и Пирани со пет погодоци.

Старо-нов шампион на Франција е ПСЖ, кој во последното коло го совлада Шамбери со 30:26 и заради подобриот меѓусебен скор го мина Монпелје на табелата, откако двете екипи освоија ист број на бодови. Монпелје титулата ја загуби со поразот кај Сант Рафаел во претходното коло во вторникот.

Новата сезона во францускиот шампионат почнува во октомври, а Лазаров пак ќе го носи дресот на Нант.

Share