hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Играњето за националната репрезентација е чувство кое не може да се опише

Kiril Lazarov - 2018-05-28 21.40.13

Кирил Лазаров од 2008 година е заштитно лице на Хумел и се појавува во многу кампањи, рекламни спотови и иницијативи на скандинавскиот концерн. Во интервју за официјалните медиуми на Хумел, Лазаров раскажува за своите почетоци, соработката со Хумел, националната репрезентација.

Kiril Lazarov Nantes - Internet-48

„Како дете сакав да станам ракометар на врвно ниво, но не ни сонував дека ќе бидам ова што сум денес. Факт е дека играв за неколку врвни европски екипи и освои многу трофеи. Посебно сум горд што бев најдобар стрелец на Европско, Светско првенство и Лига на шампионите. Мојот идол од детсвото е кошаркарот Тони Кукоч, кој исто така ја носеше седумката на дресот", се сеќава ѕвездата на Нант.

Kiril Lazarov Nantes - Internet-3

Капитенот на нашата селекција потврди дека направил правилен избор пред десетина години кога потпиша договор со данскиот спортски бренд, Хумел. Оваа компанија изработи специјални патики за Кирил Лазаров и тие веќе може да се најдат на пазарот.

„Од сезоната 2008/09 ја носам опремата на Хумел и многу сум среќен што соработувам со нив. Патиките Aerocharge со моето име се одлични и среќен сум заради тоа", објасни Македонецот.

Kiril Lazarov Nantes - Internet-25

Лазаров потоа ги објасни чувствата кои минуваат низ него кога ја носи седумката и капитенската трака во дресот со државниот грб.

„Играјќи за мојата репрезентација е чувство кое не може да се опише. Со години играм со страст и пасија која не може со зборови да се опише. Ако се вратам назад 20 години сигурно некои работи ќе направев поинаку. Кога си помлад не ги гледаш работите како кога си поискусен. Кога би можел би бил попрофесионален како помлад", заврши Лазаров.

Македонскиот ас е прв стрелец во историјата на Ф4 турнирите на Лигата на шампионите, откако постигна 14 гола на двата натпревари во Келн.

Комплетното интервју со Кирил Лазаров можете да го прочитате ТУКА:

Share