hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров најдобар актер, Нант преку ПСЖ во финалето на ЛШ!

nant - psg f4 - 3

Нант – ПСЖ 32:28 (17:14)

Ракометарите на Нант испишаа историја и во првиот обид обезбедија финале на Лигата на шампионите. Кирил Лазаров уште еднаш одигра лидерски и со осум гола го водеше својот тим до историска победа над ПСЖ во првото полуфинале на Ф4 во Келн. Финалните 32-28 со водство во текот на сите 60 минути, покажува колку зрело одигра тимот на Анти во полуфиналето.

Нант и Лазаров одлично го почнаа натпреварот. Македонскиот ас погодуваше од седмерци, а по 6:6, момците на Анти се одлепија до 3-4 гола предност и ги разиграа своите најсилни адути. Ниокас, Клајн и Турна постигнаа по два гола и спротивно од очекувањата, Нант на одмор замина со 17:14. Искусниот Лазаров ја водеше својата екипа со четири постигнати гола и многу авторитет и искуство.

Ракометарите на Нант одлично го почнаа и второто полувреме, Лазаров постигна и петти гол и предноста во 37. минута достигна 21:17. Турна беше феноменален и погоди осум пати од линијата и тоа без промашување, а Лазаров го сруши рекордот на Илиќ и Јиха и стана најдобар стрелец во историјата на Ф4 на Лигата на шампионите.

Секој обид на ракометарите на ПСЖ завршуваше на само 2-3 гола од предноста на Нант, кој полесно од предвиденото во првиот обид обезбеди европско финале. На крајот конечниот резултат гласеше 32-28.

Најефикасни во победничкиот табор беа Турна и Лазаров со по осум гола, а кај ПСЖ се истакна Ремили со шест гола. Финалето во кое Нант ќе се сретне со Вардар или Монпелје се игра утре во „Ланксес Арена" во 18.00 часот.

ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk

Share