hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров на шест гола до рекордот на голови на Ф4 турнирите

kire f4

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров и по завршувањето на „фајнл-фор" во Келн ќе остане на првото место на оваа листа. Лазаров има 1.176 погодоци, што е за 244 гола повеќе од Никола Карабатиќ. Лазаров игра 17 сезони, додека пак Карабатиќ има една помалку во најсилниот европскии Куп.

Лазаров на завршницата на Лигата на шампионите учествувал со Сиудад Реал (2010/2011), Атлетико Мадрид 2011/2012 и Барселона (2014/2015), а четвртиот тим е Нант, кој за првпат во историјата ќе биде дел од Ф4.

Само шест погодоци го делат Лазаров да стане најдобар стрелец во историјата на „фајнал-фор" турнирите. Нашиот капитен е стрелецна 51 гол, а Филип Јиха и Момир Илиќ со по 56 погодоци се наоѓаат пред него на вечната листа, но не играат годинава.

Share