hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант даде силен отпор, но Монпелје со победа се доближи до титулата

DdbKNjIU8AA4qAp.jpg large

Монпелје - Нант 33:28 (15:13)

Лидерот на францускиот шампионат, се наоѓа на чекор од титулата во домашниот шампионат. Во едно од последните дерби соочувања воочи полуфиналето на Лигата на шампионите против Келн, ракометарите на Монпелје го совладаа Нант на Кирил Лазаров со 33:28 и во добра форма ќе отпатуваат во Келн.

Гостите од Нант парираа до 17:17, а потоа Монпелје се разигра и побегна до финална победа. Гигу и Ричардсон погодија по шестпати, а Симонет и Фабрегас постигнаа по пет гола. Одличен беше и голманот Винсен Жерар, кој собра 14 одбрани. Кај поразениот Нант, Лазаров постигна три гола, а најефикасни беа Турна со шест и Гурбиндо со пет гола.

На две кола до крајот на францускиот шампионат, Монпелје има два бода предност пред ПСЖ, а му преостануваат уште натпреварите со Сент Рафаел во гости и Данкерк на домашен терен. Нант е третопласиран со 33 бода.

Share