hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пет гола на Лазаров, нова домашна победа на Нант

kire so ivri

Нант - Иври 31:22 (19:10)

Ракометарите на Нант убедливо славеа на домашен терен против Иври со 31:22 во натпревар од 23. коло на францускиот шампионат. Со оваа победа екипата на Кирил Лазаров се зацврсти на третото место и ја подига формата воочи завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Нант постојано ја контролираше играта, на моменти имаше и +6, а на полувреме замина со 19:10. Лазаров во првиот дел погоди два седмерци, а и во продолжението продолжи да ја полни мрежата на Иври. Иври намали на -5, но пак домашната екипа покажа авторитет и го приведе натпреварот кон крај за победа од девет разлика.

Десните бекови Лазаров со пет и Гурбиндо со четири гола беа најефикасни во тимот на Нант, каде се истакна и голманот Думулин со 11 интервенции. Кај Иври се истакнаа Бен Али со пет и Риос со четири гол.

Во следните две кола пред Ф4 во Лигата на шампионите и дуелот со ПСЖ, Нант ќе има тешки гостувања кај Монпелје и Шамбери.

Share