hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го продолжи договорот со Hummel до 2023 година

31530448 10215743699894630 2992403478623551488 n

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров ја продолжи соработката со скандинавскиот спортски бренд Hummel до 2023 година. Лазаров, кој од 2008 година е заштитно лице на Hummel евидентно е дека и по завршувањето на играчката кариера ќе продолжи да соработува со Hummel, компанија која што го следи низ поголемиот дел од сезоната.

Специјално дизајнирани патики со името на нашиот репрезентативен капитен веќе се изработени и на крајот на мај ќе почнат да се продаваат низ цела Европа. Данскиот бренд е тесно поврзан со ракометот и најдобрите светски ракометари веќе децении наназад. Огромно задоволство е што и нашиот Лазаров е дел од избраното друштво.

31530340 10215743698934606 7278008080925720576 n

Кирил Лазаров со Нант игра одлична сезона и на крајот од месец мај ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Противник во „Ланксес арената" во Келн во првото полуфинале ќе им биде првакот на Франција, ПСЖ.

31947130 10215743699654624 477410169278431232 n

31957832 10215743695414518 2579025675386093568 n

Share