hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пет гола на Лазаров, реми на Нант на гостувањето кај Ним

DcL8yWTX4AYi44f

Ним - Нант 29:29 (15:15)

Ракометарите на Нант одиграа трилер натпревар на гостувањето во Ним во рамките на 22. коло на францускиот шампионат, а нашиот интернационалец Кирил Лазаров одигра одличен натпревар. Дуелот започна енергично и многу изедначено. Двете екипи се менуваа водството, а дури седум пати резултатот во првиот дел беше израмнет.

На почетокот од второто полувреме Нант поведе, но финалистот на Купот се врати и со 1-2 гола предност влезе во финишот. Тогаш искусните ракометари на Нант го вратија егалот и донесоа бод од гостувањето во Ним. Лазаров беше стрелец на пет гола од шест удари и само Еспен Ли Хансен со шест гола беше поефикасен од него. Арно Сиферт меѓу стативите собра 11 интервенции и ги дели заслугите со најдобрите стрелци за освоениот бод.

Пранди со седум и Тобие со шест гола беа најефикасни поединци во домашниот тим на Ним. Со ова реми Нант остана на третото место со 31 бод, а за титулата ќе се борат Монпелје со 39 и ПСЖ со 37 бода.

Share