hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант ремизираше во Данска и првпат ќе игра на Ф4 во Келн

kire lazarov so skjern

Скјерн - Нант 27:27 (12:15)

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров и со новиот тим Нант ќе игра на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет. од елитното европско натпреварување. Францускиот победник на Купот денес успеа да го елиминира Скјерн, откако по победата од 33-27 на првиот натпревар, ремизираше 27-27 и првпат ќе игра за европската титула во „Ланксес арената".

Нант отвори фуриозно го започна мечот и уште од самиот старт наметна силно темпо на игра, кое беше недостижно за домаќинот. Гурбиндо со четири и Клајн со три гола го водеа Нант до висока предност од +4 (6-10), по 20 минути игра. Лазаров со својот прв погодок во 23. минута донесе највисоки +5 (7-12). Сепак, Скјерн со два брзи гола во финишот стигна до подносливи +3 (12-15) за францускиот претставник.

Скјерн на самиот почеток од вториот дел направи голем пресврт, но гостите од Франција набрзина се консолидираа, не дозволија убедлива победа на домаќините и си го обезбедија местото меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Лазаров блескаше, постигна четири погодоци, а најефикасни кај Нант беа Гурбиндо со шест и Клајн со пет погодоци. Кај домаќините се истакнаа Сондергард со осум и Олсон со четири гола. Нант е третиот француски тим кој обезбеди место на Ф4, по ПСЖ и Монпелје, а во Келн ги чека и европскиот првак Вардар.

Share