hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: По само еден тренинг знаеме кое дете го бива за ракомет!

кл7 камп

Капитенот на македонската репрезентација во ракомет, Кирил Лазаров, на крајот на јуни во Охрид ќе го предводи четвртиот летен ракометен камп за деца. На кампот 300 деца од Македонија и од странство, на возраст од 7 до 17 години, ќе учат ракомет од капитенот Лазаров. Меѓу нив ќе бидат и децата на Кире. Идејата да се организира школа за млади, талентирани деца што сакаат да играат ракомет првпат тој ја реализираше во 2015 година. Веќе четири години Лазаров ги учи децата на сите финти во ракометот. Во разговорот за „Репортер" десниот бек на Нант открива и дека неговите деца едвај чекаат да дојде време за кампот.

„Нестрпливи се и уште сега одбројуваат до доаѓањето во Охрид. Мал проблем ни претставува завршувањето на школската година во Франција што се поклопува со кампот, ама бараме 'дупка' во францускиот закон за да можеме сите заедно да присуствуваме на кампот. Сè за спортот и ракометот. Знам, ова не е идеален пример, меѓутоа што се мора не е тешко", ни рече Кире.

19402222 1883585401907077 5348587835638960839 o

Летниот ракометен камп годинава ќе се одржи по четвртипат.

„Од година во година растеме како проект. Децата и нивните родители го препознаваат тоа. Одговорноста е голема, оти многу родители се одлучуваат да ги пуштат своите деца кај нас. Довербата се стекнува тешко, а лесно се губи. Нудиме многу, а пред сè професионализам и квалитет. Заради големиот интерес, кампот годинава ќе се одржува во две смени од по една недела, од 20 јуни до 2 јули. Се обидуваме да бидеме разновидни. Освен ракомет имаме и дополнителни активности поради кои децата се чувствуваат задоволни и исполнети во текот на целиот ден. Имаме цел тим на луѓе што се одговорни за секој дел од секоја активност. Ракометот ни е прва и најважна работа, ама знаеме добро да го организираме и слободното време", раскажува Кире.

19366095 1883452475253703 1541861456672422779 n

Тој вели дека тренинзите се организираат двапати дневно, а ги одржуваат квалитетни тренери.

„Добрите тренерите се најнеопходни да имаме квалитетна работа во текот на тие 7 дена", вели тој.

Во изминатите три години во кампот тренирале повеќе од 800 деца. Многу сегашни кадетски и младински репрезентативци на Македонија биле дел од овој ракометен камп.

„Кампот нив не ги направи репрезентативци, но придонесе да се заљубат уште повеќе во овој спорт. Има многу талентирани деца, особено од помалите места, кои се ненамерно запоставени во нивните средини со оглед на тоа во какви услови работат. Водиме евиденција и спремни сме да помогнеме на секаков начин тие таленти да не бидат уништени. Доколку побараат совет и поддршка за правилен развој во иднина, сакаме да знаат дека сме тука да им помогнеме", ни рече Кире.

20046611 1895517667380517 2389187044274485146 n

Тој вели дека по само еден тренинг може да се препознае кое дете е талентирано да биде голман, кое ќе биде добро крило, на кого ќе му оди подобро одбрана, а кој ќе го предводи нападот.

„Уживаме работејќи и дружејќи се со овие деца седум дена. Секој од нивните родители барем еднаш во тие 7дена се одлучува да го посети своето дете. Замислете која фреквенција на луѓе се прави кога имаш повеќе од 300 деца. Горди сме на проектот, но и претпазливи. Растеме од година во година, како по бројност така и со квалитет", додава Лазаров.

Освен Кире, со децата ќе работат и неколку ракометари од репрезентацијата. Засега не открива кој спортист ќе дојде во кампот, ама приоритет секогаш имаат нашите репрезентативци.

„Камперите својот идол треба да го имаат од нашата Македонија и затоа инсистираме тоа да бидат наши ракометари", рече тој.

Share