hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров пак блесна, Нант го положи тестот пред Скјерн

DbFwsfAXcAE5y3R

Нант – Трембле 36:31 (18:15)

Ракометарите на Нант, каде настапува Кирил Лазаров, им се вратија на победите во францускиот шампионат и во дуелот од 21. коло пред своите гледачи го совладаа Трембле со 36-31 (18:15) и ги положија тестот пред четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите.

Домаќините подобро го почнаа натпреварот, врската Клер-Лазаров одлично функционираше и двајцата брзо постигнаа по 2-3 гола во првиот дел. Кога ним им се придружија крилата и лесните голови, Нант предноста ја зголеми на +4. Сепак, Трембле се врати и во последната фаза од првиот дел со головите на Александр и Куртоа на одмор замина со 18:15.

Второто полувреме започна со голови на Белегер и брзо предноста порасна на +5 (23-15). Сиферт се разбрани, брзо дојде до двоцифрен број на одбрани и даде сигурност за целата екипа. Брзо се разигра и Ли Хансен, следеа два контра напади и при 28:20, гостинската клупа повика тајм-аут во 42. минута.

Сепак, екипата на Нант многу искусно го приведе натпреварот кон крај, Лазаров ја наполни гостинската мрежа и запиша лесна победа од 36:31.

Најефикасни поединци во тимот на Нант Лазаров со осум и Белегер со седум гола, а Клер беше автор на четири гола. Кај Трембле се истакнаа Александр со пет и Шеваљевиќ и Куртоа со по четири гола. Овој викенд Нант го игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против данскиот Скјерн.

Share