hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со реми го испрати Мешков Брест и закажа четвртфинале со Скјерн

DZt3a3jXkAAmNor.jpg large

Нант - Мешков Брест 28:28 (14:17)

Ракометарите на Нант првпат во својата историја изборија пласман во четврфтиналето на Лигата на шампионите и се наоѓаат на еден чекор до пласман на завршниот турнир во Келн. Во возвратниот дуел од осминафиналето, Нант и Мешков Брест во Франија одиграа без победник, 28-28 и благодарение на убедлива победа во првиот натпревар во Белорусија, екипата на Кирил Лазаров ќе игра во четвртфиналето.

Белорусите подобро го започнаа мечот и водеа до 20. минута. Потоа Нант предводен од расположените бекови направи серија и поведе со 13:10. Следеше позитивен момент на Мешков Брест и серија од 5:0, по која на полувреме се замина со 14:17. Момците на Тјери Анти не играа со истата концентрација и континуитет како на првиот натпревар и во 45. минута со голот на Шилович гостите поведоа со 20:24. Но, Нант го зададе завршниот удар и Гурбиндо и Клер донесоа реми, 28:28.

Торна со шест и Гурбиндо со пет гола беа најефикасни во екипата на Нант, а македонскиот интернационалец Лазаров двапати успеа да се запише во листата на стрелците. Кај Мешков Брест најпрецизен беше Шумак со седум погодоци. Во чеввртфиналето противник на Нант ќе биде данскиот Скјерн, кој изненадувачки го елиминира Веспрем.

Четвртфиналните двобои ќе се играат од 18 до 22 април и реваншите од 25 до 29 април.

Share