hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант се откажа од Купот по одлуката за доигрување на четвртфиналето

нант соопштение 2

Бранителот на титулата во Купот на Франција, Нант се откажа од настап во ова натпреварување. Откако Француската ракометна федерација одлучи да се преиграат последните десет минути од четвртфиналниот дуел против Ним и тоа без публика, клубот за кој игра нашиот Кирил Лазаров поднесе жалба. Откако истата беше одбиена, одлучи да се откаже од дуелот кој беше предвиден за попладнево од 18.00 часот.

нант соопштение

Соопштението на Нант ви го пренесуваме во целост:

„Француската федерација инсистираше натпреварот да се преигра на 30 март во 18.00 часот, иако двата клуба се договорија натпреварот да се одигра во подоцнежен термин. Бидејќи не се создадени материјални услови за одигрување на вака важен натпревар, немаме друг избор освен да се повлечеме од Купот, натпреварување кое е многу значајно и во кое го браниме трофејот. Ни пречи и одлуката натпреварот да се игра без публика. Всушност ние во Нант играме со осум играчи, бидејќи на домашен терен нашата публика секогаш е играч повеќе. Нашиот распоред на натпревари е многу густ, а федерацијата не зема предвид и бара да играме три натпревари за 92 часа. Нант сега се насочува на осминафиналето во Лигата на шампиони против Мешков Брест", се вели во о соопштението на Нант.

Од минатата недела беше одредено дена во полуфиналето на Купот ќе играат Шамбери - ПСЖ и победникот од доигрувањето меѓу Нант и Ним против Монпелје.

Share