hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров веќе е во одлична форма, Нант го надигра Тулуз

29570395 1704405969606539 6872214380516588380 n

Нант – Тулуз 32:28 (14:16)

Ракометарите на Нант прокнижија нова победа во францускиот шампионат, откако во дуелот од 19. коло пред своите гледачи го совладаа тимот на Тулуз со 32:28 (14:16) со подобро второ полувреме од противникот. Одличен натпревар зад себе остави Кирил Лазаров, кој потврди дека влегува во форма по повредата и постигна четири гола, некои во клучната фаза од натпреварот.

Првиот дел беше целосно израмнет, дури и гостите од Тулуз подобро се снаоѓаа. Предводени од Немања Илиќ и неговите лесни голови, Тулуз на одмор замина со два гола предност. Сепак, во вториот дел се разиграа Ли Хансе, Турно и Лазаров и со серија 7:2, Нант го сврте резултатот и извојува важна победа.

Хансен со шест гола беше најефикасен поединец на натпреварот со шест гола, Турно постигна пет, а Лазаров беше автор на четири гола. Кај поразениот Тулуз отскокнаа Немања Илиќ со 11 и Фредрик Петерсон со пет гола.

Со оваа победа екипата на Нант се доближи на само еден бод до второпласираниот ПСЖ, а лидер останува Монпелје со 33 бод, три повеќе од Нант и натпревар помалку. В петок екипата на Лазаров го игра доигрувањето од четвртфиналето на Купот меѓу Нант и Ним, а в недела го пречекува Мешков Брест во возвратниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

Share