hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Блесок на Лазаров, Нант во Белорусија го визира четвртфиналето на ЛШ

DZEaHOOW0AA992r

Мешков Брест – Нант 24:32 (14:16)

Ракометарите на Нант се наоѓаат пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако во првиот осминафинален меч го совладаа првакот на Белорусија, Мешков Брест на гостински терен со 24:32 (14:16). Со ова постигнување Нант ќе го оствари најголемиот успех во историјата на клубот во најсилниот европски Куп.

Во првото полувреме се играше многу поединечно, но пак темпото го диктираше екипата водена од Тјери Анти. Клучен фактор беше почетокот на второто полувреме во кое Французите побегнаа на 7-8 разлика и лесно го приведоа натпреварот кон крај. Одличен натпревар одигра Кирил Лазаров, кој пред неколку дена во францускиот шампионат ги одигра првите минути по повредата, а попладнево блесна со пет гола и неколку асистенции.

Покрај капитенот на македонската репрезентација, Ли Хансен, кој дојде оваа зима од Норвешка, и Доминик Клајн со по шест гола беа најдобри стрелци кај победникот на францускиот Куп, а за белоруски Мешков Брест најдобар стрелец беше Разгор со пет погодоци.

Околу 2.000 гледачи го следеа дуелот во „Викторија арената", а со предноста од осум гола со кој ќе се врати во Франција, Нант е многу блиску до четвртфиналето. Последната пречка до Ф4 во Келн е поуспешниот од мечот Скјерн – Веспрем.

Share