hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Три гола на Лазаров, Нант ремизираше кај Аикс

aix - nant 1

Аикс – Нант 28:28 (12:17)

За првпат по повредата на Европското првенство, Кирил Лазаров се најде на теренот во дресот на Нант. Во рамките на 18. коло на францускиот шампионат осминафиналистот на Лигата на шампионите, иако цело време водеше, само ремизираше со Аикс во гости со 28:28 (12:17). Нашиот репрезентативен капитен постигна три гола во периодот во кој доби шанса за игра.

Во текот на сите 60 минути екипата на Тјери Анти водеше и се чинеше дека го положи генералниот тест пред гостувањето во Брест в сабота. Централна фигура во првиот дел беше Германецот Доминик Клајн, кој постигна пет гола од пет обиди и на одмор „канаринците" поведоа со 12:17.

aix - nant 3

На почетокот од вториот дел во игра влезе Лазаров и веднаш постигна гол, но домаќините возвратија и преку Онофриенко и неговите четири гола намалија на 14:18. Домаќините се доближуваа и на пет минути до крајот преку Ињаки дојдоа до -1, а потоа и Габриел Леш погоди за израмнување (27:27). Нант целосно се загуби и Али Зеин првпат донесе домашно водство. На влезот во последната минута Клајн со шестиот гол израмни на 28:28. Аикс не го искористи последниот напад и дуелот заврши без победник.

Најефикасни во таборот на Нант беа Клајн со шест и Клер со пет гола, а кај Аикс се истакнаа Онофринко со шест, Леш со пет и Ињаки со четири гола. Нант сега заостанува зад ПСЖ, кој има натпревар помалку и утре го пречекува Ним.

Share