hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Раул го објави списокот за ЕХФ неделата и мечот со Русија

raul trening2

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот од 19 ракометари на кои ќе смета на подготовките за време на ЕХФ неделата што ќе трае во периодот од 2 до 8 април 2018 година.

Ракометарите во овој период ќе се подготвуваат за претстојните бараж натпревари за Светското Првенство 2018 што Македонија ќе ги одигра против селекцијата на Романија во јуни. Покрај тренинзите во Скопје, нашите репрезентативци во текот на ЕХФ неделата ќе одиграат и еден пријателски натпревар од затворен карактер против репрезентацијата на Русија.

Список на ракометари на машката сениорска репрезентација за ЕХФ недела (2-8.04.2018):

Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски, Мартин Томовски, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски, Дејан Манасков, Филип Талески, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Кирил Лазаров (капитен), Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Велко Маркоски, Дарко Димитриевски, Гоце Ојлески.

Share