hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант триумфално се враќа од Рен и го стигна ПСЖ на второто место

ren - nant

Сесон Рен – Нант 27:33 (14:18)

Ракометарите на Нант ја забележаа 12. победа во францускиот ракометен шампионат, откако во дуелот од 17. коло на гости славеа против Сесон Рен со (14:18). Нашиот репрезентативец Кирил Лазаров не настапи заради повреда.

Гостите одлично почнаа и преку Ромарик и Турно брзо се одлепија на +4. Голманите од двете страни скоро ништо не одбранија, а екипата на Нант го одржуваше водството цело прво полувреме. Силвијан Хошет со пет гола не дозволуваше екипата на Анти да побегне, но фаворитот на одмор замина со 14:18.

На почетокот од второто полувреме се разигра Матулиќ, а го следеше и Лагард. Предност на Нант се зголеми на 5-6 гола и Сесон Рен остана без реакција. Од тој момент предноста на гостите остана стабилна и без драматика Нант го доби натпреварот со 27:33.

Најефикасни во тимот на Нант беа Матулиќ со шест и Клер со пет гола, а кај Сесон Рен се истакнаа Шохет со шест и Керими со пет гола. Одличен беше на голот на Нант репрезентативецот Сирил Думулин со 12 одбрани. Со оваа победа Нант ја продолжи позитивната низа во францускиот шампионат и опасно им се заканува на водечките Монпелје и ПСЖ. Сега со 25 бода екипата на Кирил Лазаров има ист број на бодови како и „светците" од Париз, кои утре гостуваат кај Сант Рафаел.

Share