hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Второ реми на Рајн Некар Левен и Нант во ЛШ

28468713 1679326675447802 4583503174106722855 n

Рајн Некар Левен - Нант 30:30 (13:15)

Ракометарите на Нант извлекоа реми од гостувањето во Германија против шампионот на Бундеслигата, Рајн Некар Левен со 30:30 (13:15). Ова е второ реми меѓу двете екипи кои и во Франција одиграа без победник, откако Думулин одбрани пенал во последните моменти од натпреварот. Мечот во Франкфурт беше вистински спот за ракометот, а единствен хендикеп беше неиграњето на нашиот Лазаров, чие што враќање на терените е спремно.

Германците тргнаа подобро и поведоа со 3:1 во 6. минута. Сепак, тоа беше само почеток, а Нант веднаш врати со серија од 4:0 и во најголемиот дел од првото полувреме беше во предност. Домашните израмнија на 10:10 во 25. минута, но потоа следуваа пет ефикасни минути во кои Французите се изборија за враќање на водството од два гола разлика и на одмор имаа 13:15.

Во продолжението двете екипи се менуваа во водство, а Нант посериозно се закани откако со серија од 3-0 поведе со 23-25 на стартот од последната четвртина од натпреварот. Сепак, Толбринг и Шмит го вратија тимот на Јакобсен и спречија пораз (30:30). Одличен натпревар одигра Филип Талески, кој постигна три гола, а одигра добро и во одбрана. Толбринг го шест и Баена со пет гола се истакнаа кај германскиот првак, а Клер со седум и Турне со шест гола беа најпозитивни кај францускиот тим, во чии редови заради повреда не настапи Кире Лазаров.

Share